Му се закануваат пет години затвор: Стрелков префрлен во озлогласен руски затвор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот министер за одбрана на ДНР, оперативен и воен аналитичар на ФСБ, Игор Стрелков (вистинско име Игор Гиркин), беше префрлен во истражниот центар Лефортово во Москва и одби контакт со активисти за човекови права.

Loading...

– Моментално е во двојна ќелија во истражниот затвор Лефортово. Има телевизор, фрижидер – изјави Алексеј Мелников, извршен секретар на Генералната надзорна комисија на Москва, тело кое се занимава со правата на затворениците.

Мелиников посочува дека кај Стрелков не биле констатирани знаци на психички или физички притисок.

За потсетување, Стрелков е обвинет за јавно поттикнување екстремистички активности на интернет и се соочува со казна затвор до пет години.

Во петокот му е одреден притвор, а ќе биде задржан до 18 септември.

Затворот Лефортово е озлогласен затоа што го користела НКВД за време на чистките на Сталин, а за време на Студената војна КГБ таму испрашувала затвореници.

 

 

Loading...