Ракометарите на Куманово забележаа пораз во 6то коло од Супер машката ракометна лига на Македонија.
На домашен терен кумановци беа поразени од составот на РК Еурофарм Пелистер со резултат 23:35.
Подобар старт имаше гостинскиот состав, а кумановци се мачеа да бркаат негатива во првиот дел од средбата која заврши со 12:17.
Иако публиката се надеваше на пресврт во второто полувреме, кумановци немаа доволно сили за моќниот Еурофарм, па мечот заврши со конечни 23:35.
Со осум погодоци најефикасен во дресот на МРК Куманово беше Каио Винициус Де Соуза Мораис, додека со 10 голови најдобар во победничкиот состав беше Филип Кузмановски.
Следниот натпревар кумановци го играат на гости против составот на РК Пролет.
Никола Ивановски