Мразот откажа бројни летови во Франкфурт

Сподели со своите пријатели

Поради мраз денеска беа откажани бројни летови на аеродромот во германскиот град Франкфурт.

Loading...

Аеродромот објави дека временските услови доведоа до забавување на операциите и откажување на летовите.

176 од планираните 1.100 полетувања и слетувања се веќе откажани.

Од патниците се бара навреме да се информираат за својот лет и да дојдат на пријавување што е можно порано, пренесува Танјуг.

Од аеродромот посочуваат дека операцијата не е целосно прекината, туку дека се применува режим според кој може да слетуваат само одреден број авиони на час, помалку од вообичаено.

Северозападната писта утрово е затворена и возилата за чистење постојано работат, а за доцнење придонесува и неопходното одмрзнување на авионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по четири години