Можни следни цели на Русија се Молдавија и Балтикот, вели шефот на белгиската армија

Сподели со своите пријатели

По Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани, предупреди началникот на Генералштабот на белгиската армија, генерал Мишел Хофман.

Loading...

За време на посетата на белгиските војници стационирани во Романија, тој за белгискиот весник ВРТ изјави дека Русија веќе покажала „дека има волја да го нападне својот сосед“, пренесува Танјуг.

Хофман изјави дека говорот на рускиот претседател Владимир Путин е секогаш двосмислен и дека „апсолутно е можно подоцна да има други идеи“.

Русија може да ја обнови армијата

„Европа мора итно да се подготви и јасно да стави до знаење дека може да се брани“ и дека „ќе возврати ако е потребно“, рече Хофман, пренесува бриселскиот портал Политико.

Според него, дури и ако се чини дека руските сили во моментов се ослабени поради тековната војна против Украина, оваа слабост е „привремена“.

„Ако Русија победи во војната [против Украина], таа ќе заврши со обнова на својата воена машина и своите вооружени сили“, предупреди Хофман.