Москва: Експлодираше автомобил-бомба, повреден воен разузнавач

Сподели со своите пријатели

Во автомобил бомба во средата се повредени вработен во руската воена разузнавачка служба и неидентификувана жена во северниот дел на Москва, пишува весникот „Комерсант“.

Loading...

Руското МВР соопшти дека при детонација на неидентификувана направа се повредени две лица и дека е покрената истрага.

Автомобилот Тојота Ленд Круз експлодирал набргу откако разузнавачот и неименувана жена влегле во возилото, објавија руските медиуми со снимка од експлозијата.

Комерсант, еден од водечките руски весници, пишува дека повредениот работел во главната управа на руската разузнавачка агенција ГРУ.

Државната новинска агенција ТАСС пишува дека во експлозијата маж останал без стапалото, а неговата сопруга била убиена.