МНР: Македонија е безбедна држава – терористичката група е целосно елиминирана

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Република Македонија по пат на соопштение објавено на официјалната веб страна ги информира граѓаните, туристичките организации и тур-операторите дека политичката состојба во Република Македонија е стабилна, а безбедноста на сите граѓани и посетители гарантирана.

Loading...

Сите тековни настани што се случуваат во Република Македонија се одвиваат непречено, во постојан мир и не се закана за дестабилизација на општеството, како во национални, така и во регионални и глобални рамки.

Минатонеделниот вооружен напад од страна на терористичка групација во Куманово е завршен. Тоа претставуваше изолиран случај, без никакви импликации врз останатиот дел од државата и пошироко. Состојбата е нормализирана, а терористичката група е целосно елиминирана.

Само во периодот од 15-ти до 17-ти мај, Република Македонија беше посетена од туристи од земјите на Бенелукс,Данска, Австрија, Турција, Полска, Кина, како иод гости од соседните земји, пред сè, од Бугарија, Албанија и од Грција.

Оттука, Министерство за надворешни работи  на Република Македонија ве уверува дека сите државни институции од областа на туризмот, заедно со туристичките стопанственици се добро организирани и целосно подготвени за претстојната туристичка сезона во Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање на сите активности поврзани со туристичкиот потенцијал во земјата.

Уште еднаш ја користиме оваа прилика да Ве увериме дека безбедноста во Република Македонија е на највисоко ниво, а воедно упатуваме покана да ја посетите нашата земја и да ги искусите нејзините обичаи, традиција, гостопримство и да уживате во нашите природни убавини, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *