Мирисот на цигари одбива најмногу на прва средба

Сподели со своите пријатели

Мирисот на цигари најбрзо може да ги олади страстите, покажува новото истражување на британски научници.

Loading...

Анкетата е спроведена од компанијата за производство на предмети за орална хигиена.

Резултатите покажуваат дека половина од учесниците не се бакнале со партнерот на првиот состанок заради силен мирис на цигари.

На второ место е кромидот, за кој гласале 27% од испитаниците, а 12 отсто велат дека најмногу ги одбива лошата техника при бакнување.

Анкетата покажува дека 87% од мажите очекуваат бакнеж на првиот состанок, а само 37% од жените имаат исти очекувања.

Leave a Reply