Министерот за здравство не откри зошто ја разрешил Ивановска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска не даде конкретен одговор зошто ја разрешил директорката на кумановската болница Биљана Ивановска по само половина месец откако беше избрана на конкурс.

Loading...

Иако запрашан од новинарите која е причината, тој зборуваше за болниците во Тетово и Бардовци, но немаше конкретен одговор за Куманово, туку зборуваше за нова пракса во здравството.

– Тоа секогаш ќе значи професионалност и стручност, без разлика дали еден директор е назначен по конкурс дали бил еден ден директор, една недела или еден месец, јас секогаш почитувам професионализам и стручност и ова со моето работње нема да биде како досега, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците запленија 6.800 евра на ГП Табановце (ФОТО)

 

 

Иако му беше повторено прашањето, рече дека службите ќе ја известат јавноста за деталите, иако истите служби вчера не одговорија на новинарските прашања.

Вели дека нема да толерира мобинг од менаџерите, а спомена и дека имало неправилности во работењето, иако не кажа кој тоа не работел како треба.

Loading...

– Отсега имаме нова пракса, нема веќе, и под моја иницијатива беше обелоденет случајот со Онкологија, отсега применуваме нова пракса, лично како министер собирам аргументи и факти и таму каде имало злоупотреби јас како министер со аргументи, факти и документација ќе одам и ќе приложам во министерството, додаде тој.

Инаку, Биљана Ивановска беше разрешена вчера само неполн месец откако беше избрана како единствен кандидат на конкурст за директор на Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  46-годишен кумановец пријавен за исчезнат

Министерот избегна да каже и кој е нов директор, иако неофицијално тоа е урологот Фати Исмаили, со што пак од друга страна една од најголемите болници во државата веќе нема уролог.

Никола Ивановски