Мицотакис сака нов мандат на неизвесни избори во Грција

Сподели со своите пријатели

Грците во недела одат на најнеизвесните национални избори во последната деценија, кои најверојатно ќе доведат до дополнителни избори.

Loading...

Конзервативниот премиер во заминување Киријакос Мицотакис има приближно шест проценти предност пред неговиот најблизок ривал, левичарскиот поранешен премиер Алексис Ципрас.

Но, според изборните правила за пропорционална застапеност, ниту една партија не се очекува да победи со доволно голема разлика за да обезбеди апсолутно мнозинство во 300-члениот парламент.

Можно е Грција да одржи последователни избори на почетокот на јули и да користи нов систем кој на победникот ќе му даде дополнителни места во парламентот.

Мицотакис, кој водеше кампања врз основа на ветувања за четиригодишно намалување на даноците, заживување на туризмот и стабилен раст, предупреди дека ускратувањето на моќниот мандат на неговата Нова демократија ќе доведе до „парализа“ во услови на меѓународна несигурност.

„Во моментов не постои друг кредибилен предлог освен независна Нова демократија (влада)“, изјави 55-годишникот за весникот „Катимерини“ минатата недела.

Ципрас и неговата партија Сириза ветија дека ќе ја вратат довербата во земјата која ја потресе скандалот околу прислушувањето од безбедносните служби и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари, во која загинаа 57 лица.

Во 2015 година Ципрас водеше тешки преговори со Европската унија, кои речиси ја исфрлија Грција од еврозоната.

Loading...

Бугарските плати и британските цени

„Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас“, рече 48-годишниот левичар на изборниот митинг во неделата.

„(Мисотакис) не се грижи за многуте, само за моќните“, рече Ципрас.

Потребни беа последователни избори во 2012 година пред да се формира коалициска влада на Нова демократија, социјалистичката партија Пасок и сега веќе непостоечката левичарска партија Димар.

Сега грчката социјалистичка партија Пасок-Кинал, основана од политичкиот ветеран Андреас Папандреу, се смета за потенцијален коалициски сојузник и на Мицотакис и на Ципрас.

Но, лидерот на партијата, поранешниот европратеник Никос Андрулакис, не сакаше да поддржи ниту еден од неговите двајца противкандидати за премиер.

„Ќе се бориме против секој кој го поткопува јавниот интерес“, рече Андрулакис.

Партијата Нова Демократија на Мицотакис вети натамошно зголемување на месечната минимална плата на 1.000 евра, намалување на невработеноста и големи инвестиции во недоволно финансираниот јавен здравствен систем на Грција, оптоварен со пандемијата на коронавирус.

„Отсекогаш верував дека потребни се два мандати од четири години за некој да ја промени Грција“, рече Мицотакис во април.

Loading...

Ципрас вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвинува домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка за образование и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници.

„Грција има бугарски плати и британски цени“, рече Ципрас минатата недела.

Секој десетти Грк е неопределен

Секој десетти Грк не знае за кого ќе гласа, а многумина велат дека се разочарани од политиката.

„За прв пат во мојот живот, не одлучив за кого ќе гласам. Можеби ќе фрлам празно гласачко ливче“, рече 30-годишниот Андреас, поранешен поддржувач на Сириза.

„Кој мисли на нас, ветувањата (од кампањата) не се исполнуваат и секој година ни се влошува секојдневието“, вели 62-годишниот Никос Димитриадис и се пожали дека пензијата не им трае цел месец.

Мицотакис никогаш не загубил од Ципрас. Го освои три пати – на национално, локално и европско ниво.

„Кога игравме кошарка во Соединетите Американски Држави, тоа беше „изгуби, испаѓаш“, се потсмеваше Мицотакис со својот противник минатата недела.

Речиси 10 милиони Грци имаат право на глас, а речиси 440.000 16-годишни Грци првпат ќе гласаат.

Loading...