МИ5: Повеќе од 400 руски шпиони протерани од европските земји

Сподели со своите пријатели

Директорот на британската разузнавачка агенција МИ5, Кен МекКалум, во средата изјави дека европските земји годинава протерале стотици руски функционери за кои веруваат дека се шпиони, пренесува Анадолија.

Loading...

„Оваа година, усогласена кампања доведе до протерување на голем број руски функционери ширум светот, вклучително и повеќе од 600 од Европа. Сметаме дека повеќе од 400 од нив се шпиони“, рече МекКалум, говорејќи во седиштето на МИ5.

МекКалум рече дека ова е „најзначајниот стратешки удар“ за руските разузнавачки служби во поновата европска историја, покрај координираните бранови на санкции.

„Продолживме да работиме интензивно за да ја направиме Велика Бритнаија најтешката можна операциона средина за руските тајни операции“, рече МекКалум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Тој, исто така, потврди дека Британија одбила 100 руски барања за дипломатски визи поради национална безбедност.

„Велика Британија мора да биде подготвена за руска агресија во годините што доаѓаат“, изјави овој висок британски разузнавач.