Како што информира УХМР, во текот на вчерашниот ден, во одделни региони во попладневните и вечерните часови имаше појава на невреме со град, силен ветер и со силни електрични празнења.
Појава на град имаше во кичевскиот, крушевскиот, долненскиот, паланечкиот, кочанскиот, виничкиот, беровскиот и во прилепскиот регион.
Денес според синоптичарите се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните делови. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени..
Претпладне во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температура ќе достигне до 28 степени.
И во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.