Мета наскоро ќе објави дали ќе му дозволи на Трамп да се врати на Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на Фејсбук, Мета, се подготвува да објави дали на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм, објави денеска Фајненшл тајмс.

Loading...

„Мета“ претходно објави дека до 7 јануари ќе одлучи дали ќе му дозволи на Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм.

Сепак, таа одлука сега се очекува да биде објавена кон крајот на овој месец, пишува весникот, повикувајќи се на добро информиран извор.

Како што се наведува, „Мета“ формираше работна група која ќе се фокусира на тоа прашање, пренесе Ројтерс. Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, ја укина трајната забрана на Трамп за платформата минатиот ноември, откако корисниците гласаа во анкета.

Трамп тогаш рече дека нема интерес да се врати на Твитер.