Мелони на блискоисточна турнеја во Јордан и Либан

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во петок ќе престојува во јорданскиот пристанишен град Акаба, каде ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори, а потоа истиот ден ќе отпатува за Бејрут, каде ќе се сретне со премиерот на Либан Наџиб Микати, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Loading...

Мелони во вторник најави дека ќе отпатува за Либан, а италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани следната недела ќе ги „посети Израел и Палестина“ како дел од меѓународните напори за деескалација на кризата на Блискиот Исток, пренесува АНСА.

За време на своето обраќање пред членовите на италијанскиот Сенат, Мелони ја изрази својата загриженост за моменталната ескалација во Либан и начинот на кој ситуацијата се развива и покрај бројните меѓународни напори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон се огласи за мистериозните дронови над источниот брег на САД

Таа ги осуди неодамнешните напади на Израел врз мировната мисија УНИФИЛ во Либан, која вклучува италијански контингент од 1.000 војници и „целосно неоправдано и јасно кршење на резолуцијата 1701 на ОН“.