Мелони: Левица и одредени обвинители прават заговор против сестра ми

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека го смета за „многу веродостојно“ пишувањето на миланскиот дневен весник „Џорнале“, во кој се тврди дека италијанските медиуми се непријателски настроени кон владата и дека левицата и одредени обвинители наводно и заговараат против нејзината сестра Аријана, која е шеф на секретаријатот на нејзината десничарска партија Браќа од Италија.

Loading...

„Тоа е шема која е видена многупати, особено против (поранешниот премиер и основач на партијата Форца Италија) Силвио Берлускони: дека системот на моќ користи каков било метод и секакви средства за да победи политички непријател“, рече Мелони за АНСА. .

Мелони оцени дека тоа се „сиромашни, очајни потези против нејзината сестра“.

Премиерката додаде дека го анализирала својот живот и животите на блиските луѓе и дека не открила ништо компромитирачко.

Весникот „Ѓорнале“ во текстот насловен „Сакаат да ја истражат Аријана Мелони“ објави дека сестрата на италијанската премиерка наводно била вмешана во клучните назначувања во јавниот сектор.