Медведев: Стратешката улога на Курилските острови ќе расте

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека стратешката улога на Курилските острови ќе расте.

Loading...

„Курилските острови активно ќе се развиваат, а во исто време ќе расте нивната стратешка улога, вклучително и распоредување на ново оружје“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Според него, Русија ќе го спроведе новиот план за распоредување дополнително оружје на Курилските острови и покрај, како што наведе, „чувствата на јапонскиот народ“ во однос на таканаречените северни територии.

– Навистина се грижиме за „чувствата на јапонскиот народ“ во однос на таканаречените северни територии. Тоа не се „спорни територии“, ова е Русија“, додаде Медведев, пренесува „Риа Новости“.

Медведев, коментирајќи ја претходната изјава на јапонскиот премиер Фумио Кишида дека Токио ќе склучи мир со Москва по решавањето на територијалниот спор, изјави дека никој не е против тоа, но под услов територијалното прашање, во согласност со рускиот устав, да биде засекогаш затворен.

Па, никој не е против мировниот договор со разбирање дека „територијалното прашање“ е затворено во согласност со рускиот устав засекогаш“, напиша Медведев.

Кишида, говорејќи во парламентот, додаде дека Јапонија ќе продолжи да го промовира притисокот од санкции врз Руската Федерација, пренесува Танјуг.