Маж си ги отсекол половиот орган и двете уши: Лекарите му сошиле нов!

Сподели со своите пријатели

Лекарите од Чешка ги преобликувале гениталиите на 31-годишен маж откако под дејство на дрога му ги отсекол пенисот и двете уши.

Loading...

На улица бил пронајден со смрзнатини, по што бил хоспитализиран во психијатриска болница, пренесува чешкиот портал Иднес.

По неколкумесечно закрепнување, лекарите извршиле пластична операција под водство на хирургот Адам Бајус.

„Одвоивме парче ткиво од подлактицата, го обликувавме во форма на гениталиите и уретрата и ги поврзавме ситните крвни садови и нервите под микроскоп“, објасни Бајус.

„Акутната употреба на дрога ја наруши способноста на пациентот да контролира и да донесува одлуки. Тој не знаел што прави во тоа време, но сега живее релативно нормален живот”, додаде психијатарот Јакуб Албрехт.

„Лекцијата е јасна, никогаш не знаеш што ќе ти направи дрогата и никогаш не знаеш што точно има во купеното. Не можеме се да забраниме, но важна е превенцијата“, заклучи психијатарот.

Пациентот наводно бил под дејство на марихуана и кратом, јави Прага радио.