Маж се обидел да прошверцува стотина змии во панталоните

Сподели со своите пријатели

Кинеските цариници спречиле маж да прошверцува 100 змии кои се обидел да ги сокрие во панталоните.

Loading...

При претресот во џебовите на неговите панталони биле пронајдени шест платнени торби кои сакал да ги пренесе од Хонг Конг во кинескиот град Шенжен.

Запленети се вкупно 104 змии, од различни видови и големини, а голем дел од нив не живеат во Кина.

Кина е еден од главните светски центри за трговија со животни, но властите во земјата во последниве години ги заостри мерките за сузбивање на нелегалната трговија со овој вид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде во Европа има најмногу убиства? Еве како котира Македонија!