Матурант од Куманово уапсен поради дилање дрога, ОЈО бара притвор

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од Куманово, ученик во четврта година во средно училиште е осомничен дека продавал марихуана.

Loading...

Полицијата дома му пронашла 171,72 грама марихуана.

– Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство Куманово.

Како што појаснуваат од ОЈО, момчето се сомничи дека ја препакувало дрогата и ја подготвувало за препродажба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

– Осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана, појаснуваат од Обвинителството.

Од ОЈО Куманово додаваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Никола Ивановски