Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот, еве кој ја презеде неговата позиција

Сподели со своите пријатели

Од 1 февруари оваа година, десетте најбогати луѓе во светот имаат вкупно богатство од 1,44 трилиони долари.

Loading...

Според најновиот извештај на магазинот Форбс, Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот.

Првото место на листата на најбогати луѓе во светот го зазеде Бернард Арно.

Овој француски бизнисмен е роден во 1949 година, татко е на пет деца и е 28-ми најмоќен човек во светот според листата на магазинот Форбс.

Арно е претседател на извршниот одбор и извршен директор на конгломератот LVMH, кој се занимава со луксузни стоки и под чија капа се брендови како Луј Витон, Тифани и Ко., Кристијан Диор, Фенди, Булгари и многу други луксузни брендови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика за оружје во Велика Британија

Неговото богатство се проценува на 207,8 милијарди долари, додека на второ место е Илон Маск со богатство од 204,5 милијарди долари.