Маричиќ-Рот: Процесот на преговори со Унијата мора да се одвива непречено

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг, Михаел Рот, на која разговараа за следната фаза во евроинтеграцискиот процес и за важноста од непречено одвивање на процесот на скрининг.

Loading...

– Навистина ми е драго што сте денес во посета на Северна Македонија, земја која ги започна преговорите за полноправно членство со ЕУ. Во овој наш успех стои и Вашиот личен ангажман, како и напорите и принципиелната поддршка од Вашата влада за проширувањето на Унијата на земјите од Западен Балкан, истакна вицепремиерот Маричиќ на почетокот на средбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Куманово помогнало на страданите од земјотресот во Скопје од 1963?

Вицепремиерот Маричиќ го информираше Рот за чекорите кои земјава ги презема по прифаќањето на францускиот предлог, како и за претстојната промена на Уставот. Вицепремиерот Маричиќ со пратеникот Рот се согласија дека во процесот на уставни измени е потребно сите политички чинители да застанат зад државниот интерес, со цел процесот на преговори да се одвива непречено.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот го брифираше Рот и за процесот на подготовки околу скринингот, кој започнува на 15ти септември, како и на ревидираната преговарачката структура која ќе биде усвоена идната недела, потенцирајќи дека институциите по координативните состаноци интензивно се подготвуваат за следната фаза во евроинтеграциите, а тоа е скринингот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква била улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје?

Маричиќ и Рот потврдија дека гледајќи од денешна перспектива, кога Европа и светот се соочуваат со нови предизвици, се вреднува секој напор направен во насока на приближување на земјава кон ЕУ и извесното полноправно членство на Северна Македонија во Унијата.

Европската Унија не е само политички проект, таа е и мировен, потврдија Маричиќ и Рот на средбата. Рот додаде дека Северна Македонија направи многу во исполнувањето на европските критериуми и дека вака подготвени имаме добра основа, со добра динамика ќе ги водиме преговорите, а поддршката од Сојузна Република Германија ќе ја имаме за забрзување на реформите и усогласување со ЕУ стандардите, за побрзо да се подготвиме и да станеме земја членка на Европската Унија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сиљановска Давкова на 2 Август во Пелинце

Во рамки на посетата на Северна Македонија, пратеникот на германскиот Бундестаг, Михаел Рот кој е и претседател на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг има средби и со претседателот Стево Пендаровски, спикерот на Собранието Талат Џафери, со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски.