Малолетник од Куманово заврши на скопските клиники по консумација на непозната течност

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово завршил на скопските клиники откако со влошена здравствена состојба бил донесен првин во болницата во Куманово.

Loading...

– На 14.08.2024 во 03.12 часот во СВР Куманово, од болницата во Куманово било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен малолетник од Куманово, кој по укажаната помош бил пренесен во Компексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од кумановската полиција.

Како што велат од Секторот за внатрешни работи, според пријавата, испил некаква течност по што состојбата му се влошила.

– Според пријавеното, малолетникот испил некоја течност, по што му се влошила состојбата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Никола Ивановски