„Мали гласови, големи емоции“ – фестивал за најмладите таленти во Куманово

Сподели со своите пријатели

Традиционалниот фестивал „Бисерчиња“ посветен на најмладите талентирани изведувачи ќе се одржи утре, 8 октомври, во Куманово, под мотото „Мали гласови, големи емоции“.

Фестивалската програма ќе започне во 19 часот на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, каде најмладите изведувачи ќе имаат можност да ги покажат своите музички таленти пред публиката.

Настанот го организира кумановската Асоцијација за култура и уметност „Мулти арт“, во соработка со ТВ Плус – Куманово.

Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово отворен првиот фестивал на кинески филм (ФОТО)