Максим Димитриевски: Сѐ уште чекам ВМРО-ДПМНЕ да ми исплати еден денар обештетување

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски сѐ уште чека ВМРО-ДПМНЕ да му исплатат обештетување во износ од еден денар и јавно да се извинат за изнесени клевети согласно правосилна судска пресуда.

Loading...

Како што појаснува, износот е симболичен бидејќи не му се потребни нивните пари, а образот е тоа што е важно.

– Правдата е бавна, можеби доцни, но секогаш стига. Пресудата се однесува за случката во ресторанот кога на семејна прослава  пред четири години бев физички нападнат од група лица блиски до Вмро дпмне, настан кој подоцна тужените се обидоа во јавноста да го прикажат во поинакво светло и да ја искриват вистината, тогаш монтираа кривична пријава од политички мотиви со цел да ми го нарушат угледот во јавноста која што беше отфрлена од ОЈО Куманово, вели Димитриевски.

 

Очекувам ВМРО ДПМНЕ да ми исплати обештетување од 1,00 (еден) денар и јавно на прес конференција да ми се извини за…

Posted by Maksim Dimitrievski on Thursday, April 22, 2021

 

Реприза вели тој, имаше и минатата година со кривичната пријава за наводно кршење на законот во време на самоизолација.

– Овој пат по сценарио на други „авторитети” но под режисерската палка повтирно на поединци од МВР. Се однесува на лукративните послушници кои секогаш се исти без разлика кој е на власт, респект за професионалците кои ги има многу а од ваквите стагнираат и не напредуваат. За жал таквите обиди не згаснуваат ни до ден денеска, вели градоначалникот.

Како што појаснува и за овој случај се води постапка во обвинителството и очекува да има кривична пријава за одговорност на поединци во системот кои работат, вели тој, со умисла и цел политички да девалвираат, но и со умисла да наштетат на неистомисленици на нивните надредени “авторитети”.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply