Макрон ја почнува посетата на Африка

Loading...
Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува петдневната работна посета на Африка, при што ќе ги посети Габон, Ангола, Конго и Демократска Република Конго, соопшти денеска неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека целта на посетата е зајакнување на соработката со земјите од регионот.

Макрон денеска и утре ќе учествува во Габон за да учествува на самитот за заштита на екваторијалните шуми.

Потоа ќе ја посети Ангола за да започне француско-анголско земјоделско партнерство.

Во соопштението се наведува дека во петок и сабота, на 3 и 4 март, Макрон ќе ги посети Конго и Демократска Република Конго за да ја зајакне соработката во областа на образованието, здравството, науката, културата и одбраната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 36 мртви во експлозија и пожар во фабрика за лекови во Индија