Макрон ги повика граѓаните на Нова Каледонија да градат иднина и покрај поделбите

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика жителите на Нова Каледонија да ја „изградат иднината“, по трите референдуми за самоопределување на кои беше отфрлена независноста на архипелагот.

Една од целите на втората посета на Макрон на таа француска територија во Пацификот е да разговара за предизвиците на 21 век и влијанието на климатските промени.

Франција, исто така, сака да го зацврсти своето место во Пацификот, меѓу Нова Каледонија и Француска Полинезија.

Макрон ќе оди во четврток во Вануату, а во петок во Папуа Нова Гвинеја.

Од првата посета на Макрон во 2018 година, Нова Каледонија одржа три референдуми пропишани во претходните договори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Речиси 2.000 уапсени на средношколските протести во Франција: Над 400 училишта затворени

Оттогаш, преговорите за идниот институционален статус на прекуокеанската територија наидоа на проблеми, додека локалните избори се закажани за 2024 година.