Со формирање на заедничка зона каде службен персонал заеднички ќе ги извршува своите обврски се очекува да го намали времето потребно за премин на стока и патници преку железничиот граничен премин Табановце – Прешево.
Целта е да дојде до скратување на времето потребно за патување преку Коридорот 10. Ова се очекува да биде постигнато по ратификувањето на Спогодбата помеѓу Владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево, која денеска беше изгласана на собраниската Комисија за надворешна политика.
Претставникот на Министерството за транспорт и врски посочи дека речиси 80 до 90 отсто од граничниот железнички сообраќај се одвива преку овој премин.