Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Сподели со своите пријатели

Петмина вработени во руската амбасада во македонија биле посочени како непожелни во земјава.

Loading...

– Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, информираат од МНР.

Согласно информациите добиени од надлежните органи, како што стои во соопштението, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин