Мадуро пристигна во Пекинг

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој од петокот е во посета на Кина, денеска пристигна во Пекинг каде ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Loading...

Мадуро ја започна својата посета на Кина минатата недела во Шенжен, на југ, а потоа отпатува за Шангај и ја посети источната провинција Шандонг.

„Со воз тргнуваме за главниот град на Кина, да се сретнеме со иднината, да се сретнеме со нашиот брат претседателот Си Џинпинг“, изјави Николас Мадуро пред да замине за Пекинг.

Пекинг има блиски односи со венецуелскиот претседател, а Кина е еден од главните кредитори на Венецуела, чиј БДП е намален за 80 отсто во последните 10 години.

Каракас бара поддршка од Пекинг за заживување на економијата, погодена од една од најлошите инфлации во светот (436% годишно во мај).

Мадуро, кој е голем критичар на САД, исто така ја пофали Кина како земја „без хегемонска империја која уценува, доминира и напаѓа други нации во светот“.

Последната посета на претседателот Мадуро на Кина беше во 2018 година, додека Кси Џинпинг ја посети Венецуела во 2014 година.