Иран има доволно ураниум збогатен до 60 проценти чистота, приближно со големина на три нуклеарни бомби, како што е дефинирано од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), и сè уште ја опструира агенцијата за клучните прашања, покажуваат доверливите извештаи на МААЕ.
Залихите на ураниум во Иран збогатен до 60 отсто се зголемија за 6,7 килограми на 128,3 килограми од последниот извештај на 4 септември, според еден од двата извештаи до земјите-членки што ги видел Ројтерс, пренесува Фена.
Тоа е повеќе од три пати повеќе од приближно 42 килограми што МААЕ ги дефинира како теоретски доволно, доколку дополнително се збогати, за нуклеарна бомба.
За производство на оружје е потребна околу 90 проценти чистота.
Нема напредок за итни прашања
Во друг извештај објавен во вторникот, агенцијата рече дека сè уште нема напредок за две итни прашања во Иран – повторно инсталирање дополнителна опрема за надзор откако беше отстранета по наредба на Техеран минатата година и добивање одговори за потеклото на честичките од ураниум пронајдени на две непријавени локации.
Тоа е втор пат по ред како во кварталните извештаи на МААЕ се наведува дека нема напредок по ниту едно прашање, пренесува Ројтерс.