Четврта година по ред, учениците од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ утре ќе ја играат претставата „Љубовен Мјузикл“ со почеток од 19:30 часот во Занаетчискиот дом.
Станува збор за претстава на училишниот оркестар „Симфониум“ на кумановската гимназија, а по сценарио на наставникот по музичка дејност, Филип Петровски.
– Многу хумористично љубовни заплети ја ткаат приказната на војводите и нивните жени кои решаваат животни прашања. Учениците Гимназијалци покажаа истрајност и константност во нивните настапи. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да го проследат настапот утре. Влезот е слободен, изјави наставникот Петровски.
Инаку, како што додаде тој, ова ќе биде јубилеен 50 настап на училишниот оркестар.
Никола Ивановски