Либанскиот пратеник Билал Абдула денеска изјави дека Франција е единствената земја која стои на страна на Либан за време на сегашната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Како што објави „Гардијан“, либанските национални медиуми ја цитираа неговата критика, како што ги нарече „двојните стандарди на меѓународната заедница во однос на агресијата на Израел против Либан“.
„Додека меѓународните тела кои се занимаваат со здравјето и човековите права замижуваат пред оваа криза, и покрај постојаните апели на Либан, Франција е единствената земја која стои до Либан, обезбедувајќи помош за поддршка на либанската армија и (за) ублажување на последиците од војната “, рече Билал Абдула.
Израелската армија во јужен Либан од 1 октомври спроведува, како што наведоа, ограничена копнена операција против Хезболах, при што цели беа погодени и во јужните предградија на Бејрут, пренесува Танјуг.