Освежувачка и вкусна
Состојки
100 грама путер, сол, 200 грама брашно, шест јајца, 900 грама сладолед од малини, 400мл шлаг и 200 грама малини.
Начин на подготовка
Ставете да се варат 250 милилитри вода, путер или маргарин и сол, па кога ќе зоврие тргнете ја смесата од огин и мештајте додека сипувате брашно. Кога смесата ќе се излади, додадете по едно јајце и мешајте додека тестото не стане мазно.
Тестото поделете го на три дела, па посебно печете ги корите во подмачкана тава во рерна загреана на 220 степени.
Сладоледот одледете го и мешајте во него 300 милилитри шлаг, а потоа поделете на три дела. Секоја кора премачкајте ја со фил.
Тортата оставете ја да преноќи во замрзнувач. Извадете ја еден час пред послужување, а одозгора декорирајте со преостанатиот шлаг и малини.
Image by StockSnap from Pixabay