Лавров за санкциите против Путин: Оставете ги децата да си играат

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не верува дека санкциите што ги воведе Киев против рускиот претседател Владимир Путин и другите руски политичари бараат одговор од Москва.

Loading...

„Мислам дека не вреди конкретен чекор од наша страна, нека си играат децата, да не плачат“, изјави Лавров на новинарите.

За потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша указ за лични санкции против Путин, Лавров и руските министри за одбрана и внатрешни работи Сергеј Шојгу и Владимир Колоколцев.