Русија ќе успее да ги врати правата на Русите и на рускојазичното население во Украина, против кое режимот во Киев спроведува отворен терор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Решението на тоа прашање е еден од условите за долгорочно решение на украинскиот конфликт, додаде тој.
Лавров нагласи дека Русија ќе продолжи да се бори против сите форми на јазична дискриминација и русофобија – каде и да се случуваат.
Во видео порака по повод Денот на рускиот јазик, министерот рече дека заштитата и поддршката на оние чиј мајчин јазик е рускиот е еден од приоритетите на руската надворешна политика.
Според него, рускиот јазик има обединувачка улога во воспоставувањето мир и добрососедски односи во Евроазија.

