Лавров и Гутереш се сретнаа на маргините на самитот на Г20

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на маргините на самитот на Г-20 на Бали, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Портпаролката на министерството Марија Захарова објави фотографија од двајцата функционери кои седат на маса на Бали со руско знаме и знаме на ОН, но министерството не даде никакви детали за што разговарале.

Состанокот се одржа само неколку дена пред да истече клучниот договор за извоз на жито од црноморските пристаништа.

Иницијативата, договорена во јули, го деблокираше извозот на земјоделски производи од јужните украински пристаништа и помогна да се намалат светските цени на храната, но Москва сè уште не кажа дали ќе го продолжи учеството во договорот постигнат со посредство на ОН, кој истекува на 19 ноември. пренесува Ројтерс.