Купиле цел кварт на Менхетен за 5,3 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Два инвестициски фондови купиле цел стамбен кварт на Менхетен, со 56 објекти и 11.200 станови, а за сето тоа платиле 5,3 милијарди долари.

Loading...

Нов власник на кварот ќе биде американскиот инвестициски фонд „ Blackstone“, кој има 51% од сопственичкиот удел, и филијала за некретнини на Пензискиот фонд од Квебек, кој ќе поседува 49% од уделот.

Општинските власти барале фондовите максимално да ја подигнат цената на становите за 5.000 станови во стамбениот блок Stuyvesant Town до 2035 година, каок и за 1.400 станови во блокот Peter Cooper Village до 2025.

Ови квартови се изградени по Втората светска војна, во 1947 година и првенествено биле наменети за учесниците во војната.

Општината сега сака тие станови да бидат наменети за издавање на средната и ниската класа, болничарки, наставници, пожарникари и на работничките семејства.

Квартот се наоѓа во југоисточниот дел на Менхетен и зафаќа 56 згради со 11.200 станови.

Вредноста на оваа трансакција е нешто пониска од најзначајното купување на стамбен простор во САД од 2006 година, кога гирма за некретнини Tishman Speyer и инвестицискиот фонд Black Rock станале сопственици на овој кварт за 5,4 милијарди долари.