Кумановското земјоделско училиште втори на државен тракторски натпревар (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Средното општинско земјоделско училиште ” Киро Бурназ” денес се одржа 45 -тиот Државен тракторски натпревар. На денешниот натпревар присуствуваа ученици и ментори на десет средни стручни училишта кои во состав на своите училишта имаат земјоделско – ветеринарна струка.

Loading...

[huge_it_gallery id=”33″]

 

Државниот натпревар го отвори директорот на СОЗУ ”Киро Бурназ” , Весна Трајковска, која истакна дека учениците ќе се натпреваруваат во шест дисциплини, по што ќе следат награди.

 

Учениците и нивните ментори, како и присутните гости ги поздрави Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој истакна дека денешниот натпревар дава придонес во зачувување на земјоделската струка, која во подоцнежните години не е атрактивна помеѓу младите.

Loading...

Бисера Ефремова, ученичка која доаѓа од СОЗУ ”Ѓорѓе Петров” од Каварадци, вели дека денеска на натпреварот ќе се натпреварува во вешто возење на трактор, т.е вештина за која се подготвувала подолг временски период.

Средното земјоделско училиште во Куманово е домаќин на Државниот тракторски натпревар по трети пат, а самото натпреварување има долга традиција, вели директорот Весна Трајковска.

Вкупно 140 ученици кои се натпреваруваа во дисциплините како што е вешто возење на трактор, орање, органско производство, препознавање на плевел и  препознавање на коски  добија награди, при што за севкупен победник беше прогласено училиштето ”Орде Чопела” од Прилеп,  кумановското училиште зема две први, две втори и две трети и севкупно второ место, додека земјоделското училиште од Скопје, СОЗУ ” Браќа Миладиновци” завршија како трети  севкупни победници.

 

Leave a Reply