Кумановските стечајци ги посетија пленумците пред МОН

Сподели со своите пријатели

Стечајните работници од Куманово, членови на Здружението на стечајни работници ”УНИТ”, денес протестираа во Скопје, во обид да остварат средба со надлежните, како би ги пренеле своите барања.

Loading...

По завршувањето на протестите пред Министерството за финации, труд и социјала и Владата на РМ, стечајците се упатиле пред средношколскиот камп пред МОН, каде ја изразиле својата поддршка, и се потпишале во петицијата, пренесува Инфо Плус. 

– Дојдовме да им дадеме целосна поддршка да се изборат за своите барања и да се потпишеме на петицијата – вели за Инфо Плус, претседателката на Здружението на стечајни работници „Унит“, Лилјана Георгиевска.

Како што пренесува порталот, стечајните работници се обиделе својот револт да го изразат и пред новата зграда на ВМРО ДПМНЕ, но биле спречени од полицијата.

Стечајците и покрај протестот, не оствариле средба со надлежните. Тие денес се упатија во Скопје за да побараат обештетување на стечајците, односно нивно пензионирање со оглед дека отпуштените работници се веќе во поодминати години, и шансите да се вработат се минимални.

Фото: Инфо Плус

 

Leave a Reply