Кумановските гимназијалци го оживеаја ликот на Радован Трети (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во организација на група ученици од Гимназијата “Гоце Делчев”, вчеранавечер во Театар Куманово, гимназијалците настапија со претставата ”Радован III”, спроведена во рамки на проектната активност “Литературни клубови и драмски секции” под раководство на проф. Соња Тодоровска.

Loading...

Театарска претстава е базирана на познатата комедија “Радован III “, запаметена на поранешните ЈУ – простори по  изведбата на незаборавниот српски актер,  Зоран Радмиловиќ.

[huge_it_gallery id=”25″]

 

Претставата е во режија на Мила Николиќ, а настапија Ангел Арсовски, Мила Николиќ, Теодора Струмениковска, Јована Сибиновска, Николај Вукановски, Иван Марковиќ, Кристофер Златковски, Тијана Стојковска, Петар Тодоровски, Стефани Петрушевска, Маријана Младеновска, Ана Николиќ, Милош Зафировски и Сара Илиќ.

За вечерва, гимназијалците при СОУ Гимназија ”Гоце Делчев'” најавија реприза на претставата, со почеток во 20 часот.

Leave a Reply