Над 120 ученици од Гимназија „Гоце Делчев“ се пријавија да даруваат крв на акцијата која ја организираше Црвениот крст.
[huge_it_gallery id=”222″]
Голем број на ученици ја покажаа хуманоста на дело и даруваа крв за да спасат нечиј живот, но и заради личниот здравствен бенефит кој можат да го имаат од самото дарување.
Денеска крв даруваат учениците матуранти, односно сите оние кои веќе имаат нполнето 18 години – истакна професорот Драган Илиевски.
Ученичката Андријана Спирковска истакна дека акцијата се одржува два пати во годината, а оваа учебна година оваа е прв пат.
Инаку акцијата ќе трае до 18 часот, а крв може да даруваат сите заинтересирани возрасни граѓани без разлика дали се ученици на училиштето. Се очекува да бидат соберени околу 80 крвни единици.