Куманово уживаше во звукот на џезот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер беше отворен „Kumanovo Hangout Music Festival“ кој на публиката понуди извонредна џез музика, како увертира во вечерашниот вистински спектакл на втората фестивалска вечер.

Со настапите на Кабадајас и Фирс од Македонија, Висар Кучи од Косово, Васил Хаџиманов Бенд од Србија и Дром од Грција, кои дури свиера македонска музика публиката уживаше до еден часот по полноќ.

Како што истакна еден од организаторите, Марјан Стевановски, минатата година започна Џез фестивалот кој поради големиот интерес, годинава продолжува традицијата со поп и рок музика.

– Сетоа ова го поткрепивме и со средства кои дел ќе бидат донирани со хуманитарни цели, што значи дека целокупната карактеристика на фестивалот не е само во областа на културата, музиката и задничкото дружење, туку и она што претставува хуманост, вели Стевановски.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/233937140608850/

Loading...

Уметничкиот директор на фестивалот, Филип Стевановски им се заблагодари на поддржувачите на фестивалот, но и спонзорите кои несебично допринеле за организацијата на настанот.

– Колку сме толку сме, јас сум задоволен што нудиме нешто на град Куманово. Ќе продолжиме да го правиме ова колку и да сме, какви и да сме, се надевам дека ќе бидеме многу подобри, ќе понудиме се што можеме да понудиме и следната година пак ќе го правиме, на оваа место или на нешто поголемо, да знаете дека ќе го направиме, рече уметничкиот директор Стевановски.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на присутните им се обрати на кумановскиот дијалект и им изрази благодарност на ентузијастите кои го организираа фестивалот.

– Општина Куманово ќе продолжи да дава поддршка на вакви настани и ќе продолжиме во континуитет да слшаме сите што сакаме на свој начин. Она што е најважно вечерва е да уживаме во музиката, помалку да зборуваме, а утре се надевам дека ќе има еквилибриум тука, рече Димитриевски.

Фестивалот продолжува вечерва со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Нокаут, ДНК и гостите од Србија, рок групата Ван Гог.

Leave a Reply