Куманово подготвено за ракометниот спектакл (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По повод 90-годишнината од формирањето на Женскиот хазенарски клуб Куманово, како прва ракометка екипа во Македонија, како и 500-годишнината на град Куманово, во Спортската сала Куманово ќе се одржат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет во женска и машка конкуренција, кои ќе се одржат од 9ти до 11ти мај.

Loading...

Организатори на завршните турнири се општина Куманово, Женски ракометен клуб Куманово и Ракометната федерација на Македонија.

– Ќе ја имаме таа чест да ги угостиме најдобрите четири тима во машка и женска конкуренција и се надеваме дека ќе дојдеме едо трофејот по подолго време во Куманово, кога е во прашање и женскиот ракомет, бидејќи токму ЖРК Куманово е еден од фаворитите во битката за највисок пласман и во шампионатот и во Купот на Македонија, рече Бошко Тасиќ.

Право да се борат за драгоцениот пехар изборија скопските екипите ЖРК Вардар СЦЈС и ЖРК Металург, ЖРК Стружанка од Струга и домаќинот ЖРК Куманово во женска конкуренција, додека во машка конкуренција се ќе се натпреваруваат РК Еурофарм Битола, скопрските РК Вардар, РК Бутел и РК Металург во машка конкуренција.

– Имаме три дена турнири, по два натпревари дневно, така што во четврток на 9ти мај во првиот меч во 17 часот ќе се сретнат екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Стружанка во првото полуфинале, додека нашата екипа ЖРК Куманово од 20 часот со директниот конкурент и во првенството и во купот, ќе игра со ЖРК Металург во второто полуфинале. Во петок на 10ти мај закажани се два дуели во машка конкуренција каде во првиот дуел настапуваат екипите на Металург од Скопје и екипата на Бутел, додека во вечерните часови од 20 часот актуелниот шампион на Македонија, РК Вардар ќе се сретне со Еурофарм во второто полуфинале, рече Никица Кипријановски, претседател на ЖРК Куманово.

Финалните натпревари ќе се одиграат во сабота. Од 16 часот ќе се игра женското, а од 20 часот машкото финале.

Билетите ќе имаат симболична цена. Два полуфинални натпревари може да се следат со еден билет кој ќе чини 60 денари, додека за финалните натпревари билетот ќе чини 100 денари. Со еден билет може да се проследат два натпревари кои се играат во ист ден.

– Билетите можат да се купат во Кафе бар „Агора“ или онлајн на сајтот МКтикетс, а оние кои ќе сакаат да купат билет пред натпреварот тоа ќе можат да го сторат пред Спортската сала каде ќе има одредено место каде ќе се продаваат билетите, додаде Кипријановски.

Loading...

Натпреварите ќе се одиграат во Спортска сала Куманово, а атмосферата и резултатите можете да ги следите преку нашиот портал.

Leave a Reply