Кошаркарите на Куманово обезбедија полуфинале во Купот на Македонија откако вечерва во Спротската сала „Јасмин“ во Кавадарци го совладаа составот на Гостивар со резултат 85:65.
Со оваа победа Куманово си обезбеди полуфинале каде утре ќе се сретне со составот на Работнички.
Loading...
Воведните пет минути од мечот беа горе-долу изедначени, но сепак избраниците на Петровиќ водеоа со резултат 12:9. Тука слеуваше одлична серија од 5- со што кумановци направија поголемо водство од 19:11, за да кон крајот на четвртината ја постигнат и првата двоцифрена предност од 21:11.
Но, по тајм аутот на тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, Куманово не успеа да постигне поен две минути, а Гостивар ја намали разликата, па првите 10 минути завршија со резултат 26:23 за кумановци.
Вториот период предводени од Мекиќ и Јаневски „сино-белите“ се вратија во водство од 10 поени, односно 34:23 и двоцифрената позитива остана и до крајот на втората фаза па на полувреме се замина со резултат 47:37.
Loading...
Извонредно беше и второто полувреме од средбата, а пред се третата четвртина во која избраниците на Алекснадар Петровиќ остварија 23 наспроти 12те поени на гостиварци.
Последните 10 минути без многу напор екипата на Куманово оствари победа и тоа со 20 поени разлика.
Со 17 поени најефикасен во ростерот на Куманово беше Никола Караколев, со 15 Марјан Јанески, а со 13 мечот заврши за Мекиќ. Кај екипата на Гостивар со 17 брилираше Шерагиќ, а со 12 Робев.
Најдобар поентер кај Куманово беше Караколев со 17 поени, Јаневски постигна 15, додека Мекиќ заврши со 13 поени. Старо-новиот играч Бранислав Ѓекиќ реализираше 7 поени. Кај Гостивар, Шерагиќ даде 17 поени, а Робев застана на 12 поени.