Куманово ќе има доволно вода за пиење од браните

Сподели со своите пријатели

Во моментов во браните Липково и Глажња има 14 милиони метри кубни вода, соопштија денеска од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

Loading...

Според надлежните, количината ќе биде доволна за да се задоволи потрошувачката на вода за кумановци.

– До почетокот на сезоната за наводнување очекуваме приливи на вода кои ќе бидат доволни да ја истуркаме оваа  сезона успешно како и минатите. Притоките кои се влеваат во браната Глажња имаат доволна количини на вода, кои ја покриваат количината на вода која се троши за Куманово за овој момент. Очекуваме поголеми дождови за да се подигне нивото на двете брани. Оваа количина на вода ќе биде доволна за Куманово за вода за пиење, додека за наводнување ќе знаеме до почетокот на сезоната 15-ти април, изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале во продажен објект

 

 

Според него, потребни се дополнителни четири до четири и пол милиони метри кубни вода ќе за да почне сезоната за наводнување. Земјоделците навреме ќе бидат известени за начинот на наводнување кое ќе зависи од временските прилики. Доколку има помала количина, тогап ќе има рестрикции за земјоделците, ќе им биде дозволено наводнување само во одредени денови.

– Бај пасот е исклучен по 31-ви јануари, лани затоа што преку него се троши голема количина на вода, иако „Водовод“ Куманово користи само 150.000 метри кубни од тој цевковод, но ние мора тој да биде полн за да може да стигне водата под притисок до филтер станицата. Затоа што го исклучивме бај пасот и затоа што минатата година имавме рестрикции кон земјоделците, за да се зачува доволно ниво на вода, за да не го ставиме во ризик Куманово. Бај пасот се вклучува со отпочнување на сезона за наводнување, 15-ти април, изјави Илиевски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Куманово до 18:30 часот?

 

 

Според кумановската подружница, критично може да биде во август и сè зависи од временските услови во наредниот период. Но, со оваа количина на вода кумановци ќе имаат вода за пиење

МИА