Куманово денес се поклони пред споменикот на паднатите борци од НОБ (галерија)

Сподели со своите пријатели

По повод 11 Октомври – Ден на востание и Ден на борецот, на Спомен Костурница денес беше одбележана 74 – годишнината од првото партизанско востание во Куманово и почеток на антифашистичката војна.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”223″]

 

Во присуство на борците на НОВ, како и претставници на локалната самоуправа, Владата на Република Македонија, политички партии, граѓански здруженија, цивилниот сектор и многу други се одбележа годишнината од Македонското револуционерно востание.

Манифестацијата започна со положување свежо цвеќе во чест на загинатите борци на НОВ, а продолжи со химната на државата и итерпретација на женскиот градски хор.

Свое обраќање до присутните имаше и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски кој се осврна на историскиот развиток на државата и значење на оваа востание за македонската држава.

Црвениот македонски октомври не е само меѓник туку и темелник на поновата историја на македонскиот народ. По завршувањето на Втората светска војна и со победата над фашизмот Македонија зачекори во периодот на интензивна градба и растеж, како стопански така у културен со сите атрибути на национална држава во рамките на федералното уредување на југословенската заедница – вели Дамјановски.

На свечената манифестација свое рецитирање имаа и ученички од Гимназијата „Гоце Делчев“.

Loading...