Триесет и шестгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди додека работела во угостителски објект во скопски Карпош.
Loading...
– На 25.02.2025 во 18.33 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена И.М.(36) од с.Четирце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Карпош.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и за настанот бил известен трудов инспектор.
Никола Ивановски