Во тешка сообраќајна незгода која вчера се случила на автопатот Скопје – Велес, односно на 2 километри по наплатната станица „Сопот“ животот го загубил педесет и тригодишниот В.М. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во сообраќајната незгода патнички автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот од десната страна и слетал во провалија.
Поради непристапност на теренот припадници на Единицата за специјални задачи при МВР го извлекле телото на загинатото лице и по наредба на надлежен обвинител истото ќе биде пренесено во Институтот за судска
медицина за обдукција.
Од преземени мерки на местото на настанот била пронајдена патна исправа на име В.М.(53) од Куманово. Увид на местото на настанот извршиле надлежен јавен обвинител и екипа од СВР Велес.