Кумановец со тврд предмет ја нападнал ќерка си

Сподели со своите пријатели

Четириест и седумгодишен кумановец со тврд предмет ја нападнал својата ќерка, поради што бил приведен од полицијата.

– На 15.11.2023 во 21.55 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода  47-годишен маж од Куманово затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Реализирав над 800 проекти, а со вашата поддршка тој број ќе го двојно зголемам (ВИДЕО)