Кумановец натепал 82-годишник на булевар

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека физички нападнал 82-годишен сограѓанин.

Loading...

– На 12.07.2024 година во 19.07 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(35) од Куманово, затоа што на булеварот ” Октомвриска револуција” во Куманово физички го нападнал Б.С. (82), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Н.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски