Кумановец ќе одговара за поседување дрога

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.С. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на 31.01.2018 година, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа, биле пронајдени една тегла со семки од марихуана со маса од 33,57 грама, една тегла и две тенџериња со раствор од наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од пет литри и 50 мл., едно најлонско пакување со наркотична дрога марихуана со маса од 1.40 грама, цврста материја со темно кафеава боја – хашиш со маса од 13,40 грама, едно капаче од шише и еден шприц со смолеста материја со темно кафеава боја со волуумен од 11,5 мл. и едно капаче од тегла со остатоци од марихуана.

Од страна на судија за претходна постапка, на М.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply